Мировна акција и регионалната мрежа „Регионални младински акции против дискриминацијата и милитаризмот“ во рамките на регионалниот проект „Регионално младинско вмрежување против дискриминацијата во Западен Балкан“ организираат Регионална летна школа.
Регионалната летна школа ќе се одржи од 22-28.07.2012 во хотел „Бистрица“, Јахорина, Босна и Херцеговина
На повикот за учество на Регионалната летна школа можат да се пријават сите млади од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина кои се на возраст од 18 до 26 години, кои се активни во борбата против дискриминацијата и милитаризмот, работат на изградба на мир, делуваат во своите средини и сакаат да стекнат нови знаења и искуства.
Краен рок за аплицирање е 02.07.2012.
Дополнителни информации за Регионалната летна школа можете да најдете на веб страната на регионалната мрежа www.stopdiscrimination.net.
АПЛИЦИРАЈ СЕГА!