Мировна акција и регионалната мрежа „Регионални младински акции против дискриминацијата и милитаризмот“ во рамките на регионалниот проект „Регионално младинско вмрежување против дискриминацијата во Западен Балкан“ по вторпат организираат Регионална летна школа.
Регионалната летна школа ќе се одржи од 23-29.06.2013 во хотел „Монтана“ во Крушево.
На повикот за учество на Регионалната летна школа можат да се пријават сите млади од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина кои се на возраст од 18 до 26 години, кои се активни или би сакале да бидат активни во борбата против дискриминацијата и милитаризмот, работат на изградба на мир, делуваат во своите средини и сакаат да стекнат нови знаења и искуства.
Дополнителни информации за Регионалната летна школа можете да најдете на веб страната на регионалната мрежа www.stopdiscrimination.net.
Краен рок за аплицирање е 09.06.2013.
АПЛИЦИРАЈ!