Мировна акција објавува повик за пријави за Тренингот за изградба на мир кој ќе се одржи од 16 до 26.10.2014 во хотел „Монтана” во Крушево. Краен рок за аплицирање е 06.10.2014. Вашите пријави испраќајте ги на treninzi@mirovnaakcija.org.
Се работи за базична програма на мировно образование наменета за лица од цела територија на Македонија кои имаат интерес да работат на себе и да ја препознаат својата улога во процесот на изградба на мир.
Ги повикуваме сите оние кои имаат потреба и мотивација да делуваат во своите средини и да работат на изградба на мирот во Македонија, без разлика на нивната возраст или професионална определба, да аплицираат за учество на тренингот.
пријава македонска / пријава албанска
Тренингот за изградба на мир нуди:
Развивање на сензибилност за различните форми на насилство и дискриминација
Развивање на сензибилност за механизмите и динамиката на настанувањето на конфликти
Отворање на прашања поврзани со соочување со минатото
Културна размена помеѓу лица од „конфликтните подрачја” и запознавање на „другиот/та”
Разработка на минатото, на нашите лични искуства, доминантните наративи и размисли како понатаму
Инспирација и можни идеи, како може да се делува во нашето општество
Темите кои се обработуваат на тренингот се: насилство, разбирање на конфликти, соочување со минатото, изградба на мир, ненасилна акција, родни улоги, идентитет и национален идентитет, дискриминација и др. Програмата на тренингот е отворена и флексибилна, направена да ги следи потребите, можностите и мотивацијата на учесниците/чките, така што одредени теми може и да не бидат обработени, за сметка на други кои може да се покажат како повеќе потребни.
Тренерски тим:
Боро Китаноски (Мировна Акција, Прилеп)
Горан Талески (Мировна Акција, Прилеп)
Фланза Јусуфи (Мировна Акција, Тетово)
Ана Битољану (Мирамида Центар, Грожњан/Скопје)
Албулена Карага (Кичево/Скопје)