Почитувани,
Во прилог се наоѓа Повик и прашалник за Тренингот за изградба на мир кој ќе се одржи од 04 – 14.12.2011 во хотел „Монтана“ во Крушево, во организација на Мировна акција – Прилеп. Краен рок за аплицирање е 27.11.2011. Вашите пријави испраќајте ги наmirovnaakcija@gmail.com.
Се работи за базична програма на мировно образование наменета за лица од подрачјата во Македонија кои беа зафатени со воениот конфликт во 2001 година (Тетово, Куманово, Скопје, со околините), но и од оние делови на Македонија каде конфликтот остави поголеми траги (Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар, Струга, Дебар,… со околините)
Ги повикуваме сите оние кои имаат потреба и мотивација да делуваат во своите средини и да работат на изградба на мирот во Македонија, без разлика на нивната возраст или професионална определба, да аплицираат за учество на тренингот.
Тренингот за изградба на мир нуди:
- Развивање на сензибилност за различните форми на насилство и дискриминација
- Развивање на сензибилност за механизмите и динамиката на настанувањето на конфликти
- Отворање на прашања поврзани со соочување со минатото
- Културна размена помеѓу лица од „конфликтните подрачја“ и запознавање на „другиот/та“
- Разработка на минатото, на нашите лични искуства, доминантните наративи и гледања како понатаму
Темите ќе се обработуваат на работилници кои ќе се состојат од искуствени вежби, размена на мислења, дискусии во пленум, работа во мали групи како и на поединечни презентации. Оваа методологија бара високо ниво на заинтересираност и мотивација на учесниците/чките, како за самостојна, така и за тимска работа.