На 28 септември 2015 година во Куќата на човековите права во Загреб се одржа тркалезна маса со која започна програмата „Втора есен“ посветена на отворање дијалог за воените настани и политичкото насилство во 20-тиот век во државите произлезени од СФРЈ, и нивната рефлексија врз денешницата. Горан Талески од Мировна акција беше присутен на настаните во Загреб и Јасеновац.
Програмата ќе биде спроведена од страна на Документа од Загреб во соработка со повеќе партнерски институции и организации од екс-ЈУ земјите, меѓу кои и Мировна акција, но и со партнери од Италија и Германија. Активностите ќе се спроведуваат во градовите: Загреб, Вуковар, Белград, Сараево, Љубљана, Подгорица, Скопје, Прилеп и Горица.
Повеќе за настанот на овој линк.