Целта на живите библиотеки е да промовира човекови права и еднаквост. Живите библиотеки отвораат конструктивен дијалог за предрасудите и стереотипите кои водат кон нетолеранција и дискриминација на индивидуи и групи луѓе во заедницата. Во живите библиотеки имаме: книги, читачи и библиотекари. Книгите се луѓе кои се дискриминирани. Читателите се млади луѓе од средните училишта кои би сакале да чујат различни приказни и стилови на живот. Библиотекарите се млади луѓе кои се тренирани да го организираат процесот.
Распоред за живи библиотеки за месец Март:
– 03 и 04 Март – Економско и Медицинско
– 16 и 17 Март – Гимназија и Машинско
– 22 Март – (12ч.) Економско училиште во Брус, (15ч.) Гимназија во Брус
– 23 Март (12ч.) Средно училиште Св. Трифун Александровац
– 29 Март (12ч.) Средно училиште варварин, (15ч.) Економско училиште Чичевац
– 30 Март (12ч.) Гимназија Трстеник, (15ч.) Техничко училиште Трстеник