ЗДРУЖЕНИЕ МИРОВНА АКЦИЈА ПРИЛЕП/ТЕТОВО
Објавува
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
за
Изработка на интердисциплинарна компаративна студија на случај и јавен настан
- Податоци за организацијата која го објавува повикот
Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово е непрофитна организација со канцеларии во Прилеп и Тетово. Организацијата активно работи од 2002 година.
- Предмет на повикот
Да се соберат, документираат и публикуваат докази за мултуплицирана дискриминација (културолошка и институционална), која се врши врз самохраните мајки од различни контексти. Да се охрабрат сите жени на соживот и солидарност и да им се зајакне чувството на заедништво. Да се денормализира насилството кое го живеат преку детабуизирање/дестигматизирање. Да се извлечат препораки директно од целната група за да се презентираат пред донесувачи на одлуки. Да се покрене јавната свест во однос на дискриминацијата врз целната група.
Врз база на собраните материјали, да се изработи интердисциплинарна компаративна студија на случај, следена со организирање на јавен настан.
Активноста да се спроведе преку:
- Креирање полуструктурирани интервјуа за Студијата на случај.
- Детерминирање и дефинирање на истражувачкото прашање,
- Селектирање на случајот/случаите и одредување на начин на собирање на податоците и техниките за анализирање,
- Подготовка за собирање на податоци од најразлични извори,
- Собирање на податоците на терен
- Евалуација и анализа на податоците,
- Подготовка на извештајот на студијата на случај врз чија основа се создава интервјуто. Од произлезениот извештај за студијата на случај, да се формира и анкетен прашалник за прибирање на квантитативни податоци
Целиот ангажман ќе се одвива во соработка со СсМ тимот на Мировна акција со кој ќе се разработуваат сите аспекти на изведбата.
Времетраење на ангажманот: 4 месеци
Активноста е дел од програмата Соочување со минатото на Мировна акција, во соработка и со поддршка на организацијата „Курве Вустроу“ од Германија, а финансирана од страна на Министерството за економска соработка и развој на СР Германија.
Ги молиме заинтересираните кадидат(к)и да аплицираат со понудена сума за бараниот ангажман, и ЦВ кое ја докажува нивното искуство на темата.
- Критериуми за оценување на понудите
Критериумите за одбирање на набавката вклучуваат: пониска цена и релевантно поранешно искуство во оваа област.
- Временски рок за повикот
Заинтересираните апликант(к)и може да аплицираат на повикот најкасно до 03.07.2020 година (петок) до 16 часот.
Избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи, ќе бидат информирани за одлуката на Мировна акција на 06.07.2020 до 16 часот.
- Поднесување на понуда
Понудите да се праќаат само на електронската пошта: office@mirovnaakcija.org.
Датум и место : 22.06.2020, Прилеп