најнови статии

За нас

Мировна Акција е оформена 2001 година со обединувањето на повеќе неформални групи на пацифисти, антимилитаристи и приговарачи на совеста. Нашата мисија е промоција на мирот и културата на ненасилство. Во првите пет години од нашето постоење, акцентот во нашата работа беше ставен на признавање на приговорот на совеста (ПС), потоа на негова имплементација и консеквентно на укинување на обврзното служење на воен рок.

Од 2006 година започнавме со работа и на втората програма „Регионалната програма за антидискриминација“ која се фокусираше на оснажување на младите за препознавање и реагирање на разни појави на дискриминација. Во оваа програма заедно со активистите и активистките на Мировна акција беа вклучени млади од граѓански организации од Србија, БиХ, Косово, Хрватска и Македонија.

Програмата за Соочување со минатото започна во 2008 година со фокус на собирање на животни приказни за војната во 2001 година во Македонија. Програмата опфаќа и публикување на книги со животни приказни, списанија поврзани со темата, собирање на книги, списанија и друг материјал за војната во 2001 во Македонија, како и одржување на тренинзи за изградба на мир со учесници од кризните региони во 2001 година. Во оваа програма е и нашата работа со директните учесници од војната, од двете страни.

2016 Мировна акција

Translate »