Доколку живеете на просторите на поранешна Југославија, имате повеќе од 21 година, ве интересира како живеат комшиите од соседните земји и би сакале вашиот општествен ангажман да биде повеќе од само редовно (не)излегување на избори и коментирање на политичките одлуки кои ги носи некој друг,
Центарот за ненасилна акција (ЦНА) Сараево/Белград
Ве повикува да се пријавите на Регионалниот основен тренинг за изградба на мир, од 20 до 30 април 2017, во Охрид.
Тренерски тим:
Неџад Новалиќ, ЦНА, Сараево/Белград
Даворка Турк, ЦНА, Сараево/Белград
Катарина Миличевиќ, ЦНА, Сараево/Белград
Боро Китаноски, Мировна акција, Прилеп/Тетово