„Источно-Украинскиот центар за граѓански иницијативи“, „Мировна акција“ и „KURVE Wustrow“ Ве покануваат на презентација на книгата „Градот каде што започна војната“ и дискусија: „Војната против Украина: Женски перспективи“, на 16 септември (вторник) 17:00 – 19:00 часот, во КСП Центар – Јадро, Скопје.

Книгата „Градот каде што започна војната“ ги документира искуствата на жителите на Словјанск, град во регионот Донецк во Украина, окупиран од руските сили во 2014 година. Книгата ги истражува различните аспекти на окупацијата и покажува како Словјанск стана модел за подоцнежните руско-окупирани населби, вклучително и по целосната инвазија во 2022 година.
На презентацијата, три украински жени кои директно страдале од војната ќе ги споделат своите перспективи. Меѓу говорниците се: Галина Тишченко, претставничка на „SEMA Украина“ и преживеана од руската окупација во 2014 и 2022 година; младинската активистка Капиталина Пасикова, која како малолетна ја преживеала окупацијата на Словјанск и Марина Супрун, која на свои 16 години преживеала заробеништво во своето село Јахидне во 2022 година.

Дискусијата ќе ги опфати клучните прашања како: Какви се разликите меѓу руската агресија во 2014 година и денес? Како се подготвува Русија за окупација? Како општеството може да се спротивстави и да се излекува од трауматските последици од војната?
Презентацијата на книгата и дискусијата ќе се одржат на украински јазик. Ќе биде обезбеден превод на македонски.
Ве очекуваме!